Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 28:7-17

Изреки 28:7-17 MK2006

Кој го пази законот, е разумен син, а кој се дружи со расипници, го срами татко си. Кој го умножува имотот свој пре­ку камата и лихварство, тој го собира за добротворецот на сиромасите. Кој го отстранува увото свое да не го слуша законот, на таквиот и молитвата му е одвратна. Кој ги упатува праведните кон па­тот на злото, сам ќе падне во јамата своја, а непорочните ќе наследат добро. Богатиот човек самиот се смета за мудрец, но умен сиромав ќе го разобличи. Кога праведници победуваат, голема е славата, но кога безбож­ниците се издигаат, луѓе гинат. Кој ги крие престапите свои, нема да напредува; а кој се кае и ги остава, ќе биде помилуван. Блажен е оној човек, кој секогаш се бои; а кој го ожесточува срцето свое, ќе падне во неволја. Лав што рика и мечка гладна, тоа е безбожниот властодржец над беден народ. Неразумен управител врши многу угнетувања, а кој го мрази користољубието, ќе има долги дни. Човекот, виновен за пролевање на човечка крв, бега до гроб, за да не го фати некој.