Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 28:7-17

Изреки 28:7-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Кој го пази законот, е разумен син, а кој се дружи со расипници, го срами татко си. Кој го умножува имотот свој пре­ку камата и лихварство, тој го собира за добротворецот на сиромасите. Кој го отстранува увото свое да не го слуша законот, на таквиот и молитвата му е одвратна. Кој ги упатува праведните кон па­тот на злото, сам ќе падне во јамата своја, а непорочните ќе наследат добро. Богатиот човек самиот се смета за мудрец, но умен сиромав ќе го разобличи. Кога праведници победуваат, голема е славата, но кога безбож­ниците се издигаат, луѓе гинат. Кој ги крие престапите свои, нема да напредува; а кој се кае и ги остава, ќе биде помилуван. Блажен е оној човек, кој секогаш се бои; а кој го ожесточува срцето свое, ќе падне во неволја. Лав што рика и мечка гладна, тоа е безбожниот властодржец над беден народ. Неразумен управител врши многу угнетувања, а кој го мрази користољубието, ќе има долги дни. Човекот, виновен за пролевање на човечка крв, бега до гроб, за да не го фати некој.

Изреки 28:7-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Кој го пази Законот, е разумен син, а кој се дружи со ненаситниците го срамоти татка си. Кој го умножува своето богатство со заемодавство и придобивки, го собира за оној, кој е милостив кон сиромашните. Кој го отклонува своето уво, за да не го слуша Законот, и неговата молитва е омразена. Кој ги заведува чесните на лош пат, ќе падне во својата јама, а чесните ќе го наследат доброто. Богатиот човек се смета мудар за себеси, но разумниот сиромав ќе го разобличи. Голема слава е кога се радуваат праведниците, а кога се издигаат нечесните, луѓето се кријат. Кој ги крие своите престапи нема успех, а кој ги исповеда и се одречува од нив, наоѓа милост. Блажен е човек, кој секогаш се бои, зашто човек со тврдо срце запаѓа во несреќа. Лав што рика и гладна мечка: таков е опакиот владетел за бедниот народ. Неразумниот управител прави многу насилства, а кој ја мрази лакомоста, живее долго. Човек кој е виновен за пролевање на човечка крв, бега до гроб: не застанувајте го.