Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 26:3-12

Изреки 26:3-12 MK2006

Камшик – за коњ, узда – за магаре, а стап – за безумните. Не му одговарај на безумниот спо­ред глупоста негова, за да не станеш и ти сличен на него; но одговори му на безумниот против глупоста негова, за да не помисли дека е мудар. Кој усно порачува на безумен, тој ги потсекува нозете свои, трпи непријатност. Како што криват нозете на куциот, така и расказот куца во устата на безумните. Тоа што е оној што клава во праќа скапоцен камен, таков е и оној, кој му прави чест на безумен. Она што е трнлива гранка во раката на пијаница, тоа е и зборот во устата на безумните. Силниот сѐ врши по своја волја: и глупавиот го дарува, и секој минувач го наградува. Како што кучето се враќа на изблуеното, така и безумниот ја повторува својата глупост. Ако си видел човек, кој се смета за мудар, тогаш повеќе надевај се на безумен, отколку на него.