Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 26:13-22

Изреки 26:13-22 MK2006

Кога го испраќаат мрзливиот на пат, тој вели: „Ѕвер е на патот, лав има на плоштадот!“ Вратата се врти на куките свои, а мрзливиот – на леглото свое. Мрзливиот ја пружа раката своја кон храната, но тешко му е да ја принесе до устата своја. Мрзливиот самиот се смета за по­мудар од седуммина, кои смислено од­говараат. Кој, минувајќи, се замешува во туѓа караница, фаќа куче за уши. Како што разгневениот фрла оган, стрели и смрт, таков е и човекот, кој подмолно го оштетува пријателот свој и потоа вели: „Јас само се пошегував.“ Кога нема веќе дрва, огнот згаснува, и кога нема клеветник, раздорот стивнува. Јагленот е за жар, а дрвата – за оган, кавгаџијата, пак – кавга да разго­рува. Зборовите на оговарачот се како слатки и влегуваат внатре во утробата.