Изреки 26:13-22
Изреки 26:13-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Кога го испраќаат мрзливиот на пат, тој вели: „Ѕвер е на патот, лав има на плоштадот!“ Вратата се врти на куките свои, а мрзливиот – на леглото свое. Мрзливиот ја пружа раката своја кон храната, но тешко му е да ја принесе до устата своја. Мрзливиот самиот се смета за помудар од седуммина, кои смислено одговараат. Кој, минувајќи, се замешува во туѓа караница, фаќа куче за уши. Како што разгневениот фрла оган, стрели и смрт, таков е и човекот, кој подмолно го оштетува пријателот свој и потоа вели: „Јас само се пошегував.“ Кога нема веќе дрва, огнот згаснува, и кога нема клеветник, раздорот стивнува. Јагленот е за жар, а дрвата – за оган, кавгаџијата, пак – кавга да разгорува. Зборовите на оговарачот се како слатки и влегуваат внатре во утробата.
Изреки 26:13-22 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ленивиот вели: „Ѕвер има на патот и лав има по улиците“. Како што вратата се врти на своите стожери, така и мрзливиот на својата постела. Мрзливиот ја натопува раката во чинијата, ама не може да ја принесе до устата. Мрзливиот самиот се прави помудар од седуммина, кои одговараат умно. Пес фаќа за уши кој при поминувањето, се замешува во препирка, што не го засега него. Како безумниот кој фрла гламни, стрели и сее смрт, таков е човекот кој го измамува својот ближен и вели: „Само се шегував“. Кога ќе ги снема дрвата, огнот гасне, и каде веќе нема клеветник, препирките стивнуваат. Јагленот е за жар и дрвата за оган, а препирачот, за да распалува препирка. Клеветниковите зборови се како слатки залаци, се спуштаат до дното на утробата.