Кога го испраќаат мрзливиот на пат, тој вели: „Ѕвер е на патот, лав има на плоштадот!“ Вратата се врти на куките свои, а мрзливиот – на леглото свое. Мрзливиот ја пружа раката своја кон храната, но тешко му е да ја принесе до устата своја. Мрзливиот самиот се смета за помудар од седуммина, кои смислено одговараат. Кој, минувајќи, се замешува во туѓа караница, фаќа куче за уши. Како што разгневениот фрла оган, стрели и смрт, таков е и човекот, кој подмолно го оштетува пријателот свој и потоа вели: „Јас само се пошегував.“ Кога нема веќе дрва, огнот згаснува, и кога нема клеветник, раздорот стивнува. Јагленот е за жар, а дрвата – за оган, кавгаџијата, пак – кавга да разгорува. Зборовите на оговарачот се како слатки и влегуваат внатре во утробата.
Прочитај Изреки 26
Сподели
Спореди ги сите верзии: Изреки 26:13-22
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа