Не помислувај зло, безбожниче, против живеалиштето на праведниот, не опустошувај го местото на спокојството негово, зашто седумпати ќе падне праведникот – и пак ќе стане; а падне ли нечесен, тој изнемогнува во злото. Немој да се радуваш, кога непријателот твој ќе падне, и срцето твое да не се весели, кога тој ќе се сопне. Инаку, Господ ќе види, и тоа пред очите Негови нема да биде угодно, и Тој ќе го оттргне од него гневот Свој. Не лути им се на зломислениците и не завидувај им на безбожниците, зашто лошиот нема иднина; и светилото на безбожните ќе згасне. Имај страв, синко, од Господ и од царот; не востанувај ни против едниот ни против другиот, зашто неочекувано ќе дојде казната од нив, – а кој е тој што ќе ја предосети пропаста од нив двајцата?
Прочитај Изреки 24
Сподели
Спореди ги сите верзии: Изреки 24:15-22
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа