Изреки 24:15-22
Изреки 24:15-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Не помислувај зло, безбожниче, против живеалиштето на праведниот, не опустошувај го местото на спокојството негово, зашто седумпати ќе падне праведникот – и пак ќе стане; а падне ли нечесен, тој изнемогнува во злото. Немој да се радуваш, кога непријателот твој ќе падне, и срцето твое да не се весели, кога тој ќе се сопне. Инаку, Господ ќе види, и тоа пред очите Негови нема да биде угодно, и Тој ќе го оттргне од него гневот Свој. Не лути им се на зломислениците и не завидувај им на безбожниците, зашто лошиот нема иднина; и светилото на безбожните ќе згасне. Имај страв, синко, од Господ и од царот; не востанувај ни против едниот ни против другиот, зашто неочекувано ќе дојде казната од нив, – а кој е тој што ќе ја предосети пропаста од нив двајцата?
Изреки 24:15-22 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Не поставувај нечеснику, заседа на праведниковото живеалиште; не прави насилство на неговото мирно престојувалиште; зашто, ако праведникот падне и седумпати, тој станува, а нечесните пропаѓаат во несреќа. Не се радувај кога ќе падне твојот непријател, и не воскликнувај со срцето кога ќе се подлизне, за да не види Господ и за да не го земе тоа за зло, па да го сврти Својот гнев од него кон тебе. Не се гневи заради злочинците, не им завиди на нечестивите, зашто лошиот човек нема иднина, светилката на нечесните гасне. Бој се од Господа, сине мој, и од царот: и не се дружи со променливи луѓе, зашто одненадеж доаѓа нивната погибел; и кој знае кога бедата ќе дојде од обата?