Изреки 2:12-22
Изреки 2:12-22 MK2006
за да те спаси од лош пат, од човек, кој говори лага, од оние, што ги напуштиле патиштата на правдата, за да одат по патот на темнината; од оние, што се радуваат, вршејќи зло, кои се восхитуваат на расипаност, чии патишта се криви, и кои талкаат далеку од правиот пат; за да те спаси од туѓа жена, која ги засладува зборовите свои, која го остава пријателот на младоста своја, и која го заборава заветот на својот Бог. Домот нејзин води кон смрт, и патеките нејзини – кон пеколот; никој од влезените кај неа не се враќа и не стапнува врз патот на животот. Затоа оди по патот на добрите и придржувај се кон патеките на праведните, зашто праведните ќе живеат на земјата, и непорочните ќе опстанат на неа; а беззакониците ќе бидат истребени од земјата, и вероломните – искоренети од неа.

