Изреки 2:12-22
Изреки 2:12-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
за да те спаси од лош пат, од човек, кој говори лага, од оние, што ги напуштиле патиштата на правдата, за да одат по патот на темнината; од оние, што се радуваат, вршејќи зло, кои се восхитуваат на расипаност, чии патишта се криви, и кои талкаат далеку од правиот пат; за да те спаси од туѓа жена, која ги засладува зборовите свои, која го остава пријателот на младоста своја, и која го заборава заветот на својот Бог. Домот нејзин води кон смрт, и патеките нејзини – кон пеколот; никој од влезените кај неа не се враќа и не стапнува врз патот на животот. Затоа оди по патот на добрите и придржувај се кон патеките на праведните, зашто праведните ќе живеат на земјата, и непорочните ќе опстанат на неа; а беззакониците ќе бидат истребени од земјата, и вероломните – искоренети од неа.
Изреки 2:12-22 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
За да те избави од лош пат, од измамлив човек, од оние што ги оставаат патеките на чесноста, па одат по мрачни патишта; кои се веселат правејќи зло и ликуваат во изопаченоста на лошото; чии патеки се криви, и кои се опаки на своите патишта. За да те избави од прељубница и од туѓинка, што ласка со зборови, која го остава пријателот на својата младост и го заборава заветот на својот Бог. Зашто куќата ѝ тоне во смрт, и нејзините патишта водат кон мртвите, кој влегува при неа, не се враќа никогаш, и не ги наоѓа повеќе патиштата на животот. Затоа, оди по патот на добрите и држи се за патеките на праведниците! Зашто само праведните ќе ја населат земјата и непорочните ќе останат на неа; а беззакониците ќе бидат збришани од земјата, и богохулниците ќе бидат искоренети од неа.