Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 14:5-14

Изреки 14:5-14 MK2006

Верен сведок не лаже, а лажливиот сведок шири многу лаги. Развратникот бара мудрост, и не ја наоѓа; а разумниот до знаењето лесно доаѓа. Бегај од безумен човек, кај него нема да најдеш разумна уста. Мудар човек внимава на своето однесување, неразумноста на глупавите ги води во заблуда. За глупавите гревот е шега, а со праведните е милоста Божја. Секој сам ги доживува своите таги и своите радости и никој друг не може со него да ги сподели. Куќата на беззакониците ќе се сотре, а живеалиштето на праведните ќе преуспее. Има патишта, кои на човек му изгледаат прави, но крајот нивни води во смрт. И при смеа понекогаш срцето боли, а по радоста настапува тага. Човек со развратно срце ќе ги добие плодовите на своето однесување, а добриот – ќе живее во задоволство.