Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 12

12
1 # 15,10 Кој ја сака поуката, го сака знаењето; а кој го мрази изоб­личу­вањето – неразумен е. 2#6,18; 8,35Добриот добива благодат од Гос­под, а на подмолниот Тој ќе му суди. 3#10,25Човек нема да се зацврсти со беззаконие; а коренот на праведните е неподвижен. 4#31,11; 1 Кор 11,7Добродетелна жена е венец за ма­жот свој, а онаа, што го срамоти, е како гнилеж во коските негови. 5#12,20Мислите на праведните се правда, а плановите на безбожниците – подмолност. 6#14,3Зборовите на нечестивите се заседа за пролевање крв, а устата на праведните ги спасува. 7#10,25; Мт 7,24-27Каде и да се свртат нечестивите – исчезнуваат, а домот на праведните ос­танува. 8#16,22Човекот го фалат според разумот негов, а развратниот по срце ќе биде презрен. 9#25,16.27Подобро да си мал, но да работиш за себеси, отколку да се правиш големец, а да немаш леб. 10#27,23; 5 Мојс 25,4Праведникот се грижи и за животот на добитокот свој, а срцето на безбож­никот е жестоко. 11#28,19Кој ја обработува земјата своја, ќе се наситува со леб; а кој оди по стапките на безработниците, неразумен е. 12#10,32; 11,9; 21,10.26Желбата на грешникот е стапица од зло; но коренот на праведниците дава плод. 13#11,8; 18,7; 21,23Нечесниот се фаќа во мрежа преку гревовите на устата своја; но праведниот ќе се спаси од неа. 14#13,2; 18,20Од плодот на устата своја човекот се наситува со добро, и на човек му се дава според делата на неговите раце. 15#14,12; 16,2; 21,2Патот на неразумниот му се чини прав во неговите очи; но кој слуша совет, тој е мудар. 16#19,11; 29,11Глупавиот веднаш ќе го покаже гневот свој, а благоразумниот ја сми­рува лутината своја. 17#6,19; 14,5Кој го кажува она што го знае, тој говори правда, а лажниот сведок говори измама. 18#11,9; 15,2Празнословецот ранува како меч, а јазикот на мудрите лекува. 19#10,31; 21,6Праведната уста вечно живее, а лажливиот јазик – само еден миг. 20#12,5Во срцето на оние што мислат зло, има подмолност, а кај миротвор­ците – радост. 21#14,14Праведниот нема да го достаса никакво зло, а безбожниците ќе бидат преполни со зло. 22#6,17; 11,20Лажливата уста е одвратност пред Господ, а кој говори вистина, благоугоден Му е Нему. 23#13,16; 15,2Расудлив човек го прикрива зна­ењето свое, а срцето на глупавите го разгласува своето безумие. 24#10,4; 13,4; 22,7Раката на работливите ќе господари, а мрзливоста води во ропство. 25#15,13; 17,22Тагата во срцето го притиска чове­кот, а добриот збор го развеселува. 26#10,17; 19,27Праведниот му го покажува патот на ближниот свој, а патот на нечестиви­те ги води во заблуда. 27#10,4; 13,4Мрзливиот својот лов не го пече; а трудољубивоста е големо богатство. 28#11,19По патот на правдата има живот, и во нејзината патека нема смрт.

Селектирано:

Изреки 12: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност