Секој благоразумен работи со знаење, а глупавиот се истакнува со глупости. Лош гласник носи беда, а верен гласник е спасение. Немаштија и срам за оној, што го отфрла учењето; а оној, кој ја пази поуката, ќе се прослави. Исполнетата желба е пријатна за душата, но на глупавите им е тешко да го одбегнуваат злото. Кој се состанува со мудри, мудар ќе биде; а кој другарува со безумни, глупав ќе биде. Грешниците злото ги гони, а на праведниците им се враќа добро.
Прочитај Изреки 13
Сподели
Спореди ги сите верзии: Изреки 13:16-21
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа