Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 13:1-12

Изреки 13:1-12 MK2006

Мудриот син ја слуша татковата поука, а непослушниот не го слуша прекорот. Од плодот на устата своја човекот ќе вкуси добро, а душата на беззаконикот е полна со насилство. Кој ја чува устата своја, тој ја чува душата своја; а кој широко ја отвора устата своја, тешко нему. Душата на мрзливиот посакува, но напразно; а душата на работливиот ќе се насити. Праведниот го мрази лажливиот збор, а безбожниот се однесува бесрамно и одвратно. Правдата го чува непорочниот, а безбожноста го погубува грешникот. Некој се покажува богат, а нема ништо; друг се прикажува за сиромав, а има големо богатство. Понекогаш богатиот со пари го откупува својот живот, додека сиромавиот не треба од тоа да се плаши. Светлината на праведниците свети силно, а светилото на нечесните згаснува. Од гордоста произлегува кавга, а мудроста е во оние што примаат совет. Богатството, спечалено со беззаконие, се намалува, а кој собира со труд, го зголемува. Надежта, долго неостварена, го изнемоштува срцето, а исполнетата желба е како дрво на животот.