Кој ја сака поуката, го сака знаењето; а кој го мрази изобличувањето – неразумен е. Добриот добива благодат од Господ, а на подмолниот Тој ќе му суди. Човек нема да се зацврсти со беззаконие; а коренот на праведните е неподвижен. Добродетелна жена е венец за мажот свој, а онаа, што го срамоти, е како гнилеж во коските негови. Мислите на праведните се правда, а плановите на безбожниците – подмолност. Зборовите на нечестивите се заседа за пролевање крв, а устата на праведните ги спасува. Каде и да се свртат нечестивите – исчезнуваат, а домот на праведните останува.
Прочитај Изреки 12
Сподели
Спореди ги сите верзии: Изреки 12:1-7
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа