Неисправните мерила се одвратни пред Господ, а точните мерки Нему Му се угодни. Ќе дојде ли гордоста, ќе дојде и срамот, но мудроста е со смирените. Непорочноста на простодушните ќе ги раководи, а лукавството на подмолните ќе ги погуби. Богатството нема да помогне во денот на гневот, а правдата ќе спаси од смрт. Правдата на непорочниот го израмнува неговиот пат, а нечестивиот ќе падне поради својата нечесност. Правдата на простодушните ќе ги спаси, а беззакониците ќе бидат уловени од своето беззаконие. Со смртта на нечестивиот човек, исчезнува надежта негова, и очекувањето на беззакониците загинува. Праведникот се спасува од неволја, а место него во неа паѓа нечестивиот.
Прочитај Изреки 11
Сподели
Спореди ги сите верзии: Изреки 11:1-8
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа