Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 10:1-10

Изреки 10:1-10 MK2006

Мудар син го радува татко си, а безумниот син е тага на мајка си. Неправедно стекнато богатство не донесува полза, а правдата од смрт спасува. Господ не допушта да гладува душа­та на праведникот, но богатството на безбожниците го одзема. Мрзливата рака донесува сиромаш­тија, а раката на работливиот збогатува. Кој собира преку летото, е разумен син, а кој спие за време на жетва, е не­разумен син. Благослов почива врз главата на праведниот, а насилство им ја затвора устата на беззакониците. Споменот за праведниот ќе биде благословен, а името на нечестивите ќе биде проколнато. Мудриот по срце прима заповеди, а неразумниот, кој брбори, ќе се сопне. Кој оди во непорочност, оди без страв; а кој ги искривува патиштата свои, ќе биде казнет. Кој намигнува со очите, беда донесува, а кој глупаво зборува – про­паѓа.