Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 10:1-10

Изреки 10:1-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Мудар син го радува татко си, а безумниот син е тага на мајка си. Неправедно стекнато богатство не донесува полза, а правдата од смрт спасува. Господ не допушта да гладува душа­та на праведникот, но богатството на безбожниците го одзема. Мрзливата рака донесува сиромаш­тија, а раката на работливиот збогатува. Кој собира преку летото, е разумен син, а кој спие за време на жетва, е не­разумен син. Благослов почива врз главата на праведниот, а насилство им ја затвора устата на беззакониците. Споменот за праведниот ќе биде благословен, а името на нечестивите ќе биде проколнато. Мудриот по срце прима заповеди, а неразумниот, кој брбори, ќе се сопне. Кој оди во непорочност, оди без страв; а кој ги искривува патиштата свои, ќе биде казнет. Кој намигнува со очите, беда донесува, а кој глупаво зборува – про­паѓа.

Изреки 10:1-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Пословици Соломонови: Мудриот син го радува таткото, а безумниот син е тага на својата мајка. Не ползува ништо нечесно богатство, додека праведноста избавува од смрт. Господ не остава да гладува душата на праведниот. но ја отфрла лакомоста на нечесните. Мрзливата рака го осиромашува човекот, а трудољубивата го збогатува. Кој собира лете, разумен син е, а кој спие во жетвата донесува срам. Благословите се над главата на праведникот, а устата на нечесните кријат насилство. Благословен е праведниковиот спомен, а името на нечесниот ќе изгние. Кој е со мудро срце, прима заповеди, додека брбливиот безумник пропаѓа. Кој живее непорочно, оди без страв, а кој оди по криви патишта, ќе се познае. Кој намигнува со окото, задава тага, а кој зборува лудо, пропаѓа.