Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 1:20-33

Изреки 1:20-33 MK2006

Мудроста говори високо на улицата, го крева гласот свој по плош­тадите, проповеда во главните места за со­бирање, при влезовите на градските порти смело говори: „До кога, незнајници, ќе го сакате незнаењето? До кога бујните ќе се насладуваат со бујноста? До кога глупавите ќе го мразат знаењето? Обрнете се кон моите изобли­чу­вања; еве, јас ќе го излеам духот свој врз вас, ќе ви ги кажам зборовите свои. Јас викав, а вие не послушавте; ја протегав својата рака, но никој не ја забележа; вие ги отфрливте моите совети, не внимававте кога ве изобличував. Затоа ќе се насмеам на вашата по­гибел; ќе се зарадувам кога ќе ве снајде ужас, кога ќе ве нападне ужас како бу­ра, и зло како виор ќе мине над вас, кога ќе ве снајде неволја и мака. Тогаш ќе ме викаат, но јас нема да чујам; ќе ме бараат и нема да ме најдат. Затоа што го намразија знаењето и не го примија стравот Господов; затоа што не го примија мојот совет и ги презреа моите разобличу­вања. Поради тоа тие ќе јадат од плодо­вите на своите патишта и ќе се наситуваат од своите замисли. Зашто неразумните ќе ги убие нивната упорност, а глупавите ќе ги погуби нивната негрижа; но кој мене ме слуша, ќе живее безопасно и спокојно, не плашејќи се од злото.“