Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 1

1
1 # 10,1; 25,1; 1 Цар 5,12; Проп 1,1; 12,9 Изреки на Соломон, син Давидов, цар израелски,
Цел на книгата
2 # 7,4; Ис 11,9; Ер 31,34; 2 Тим 3,16 за да се познае мудроста и поуката, за да се разберат изреките на разумот; 3#2,1; 4,10; Ис 29,24за да се усвојат правилата на бла­горазумието, правосудието, судот и правината; 4#2,10-11; 3,21; Ез 36,26да им се даде на простите разумност, на младите – знаење и расудување. 5#9,9; 11,14; 16,21; 20,18Ако мудриот слуша, ќе ги умножи знаењата свои, и разумниот ќе најде мудри совети, 6#1 Цар 10,1; Ис 32,4; Ез 17,2; Пс 49,3; 78,2за да разбира мудра изрека и длабок збор, зборовите на мудреците и нивните гатанки. 7#2,5; 9,10; 14,2; 15,33; Јов 28,28; Проп 12,13Почеток на мудроста е стравот Гос­подов; само глупавите ги презираат мудроста и поуката.
Предупредување кон лошите деца
8 # 4,1; 6,20 Слушај ја, синко, поуката на својот татко и не отфрлај го заветот на мајка си, 9#4,9зашто тоа е красен венец за главата твоја и украс за вратот твој. 10#16,29; 5 Мојс 13,7; Пс 50,18Синко, ако те мамат грешници, не попуштај; 11#1 Мојс 37,20; 1 Цар 21,9-10; Пс 10,8ако кажат: „Дојди со нас, да напра­виме заседа за убиство, да го пречекаме непорочниот без вина, 12#4 Мојс 16,31-33; Пс 124,3; Јк 5,6жив да го голтнеме, како што голта пеколот, и цел како оној што слегува во гроб; 13#Ис 3,14; 5,8да си натрупаме секаков скапоцен имот, да ги наполниме куќите наши со плен; 14ти ќе фрлаш ждрепка заедно со нас, една торба ќе има за сите нас.“ 15#4,14; Пс 1,1; 119,101Синко, не оди на пат со нив, за­држи си ја ногата од патеките нивни, 16#6,17-18; Ис 59,7; Рим 3,15зашто нозете нивни трчаат кон злото и брзаат крв да пролеваат; 17#6,5; 7,23; 27,8; Проп 9,12зашто напразно е да се распнува мрежа пред очите на сите птици. 18#8,36; 9,12; 15,32Но тие прават заседа против крв­та своја, демнат против душите свои. 19#15,27; 28,16; Ис 33,15Такви се патиштата на секој, кој е алчен на туѓ имот: тоа му го одзема животот на оној, што го заграбил.
За мудроста
20 # 8,1-3; 9,3; Јн 7,37 Мудроста говори високо на улицата, го крева гласот свој по плош­тадите, 21проповеда во главните места за со­бирање, при влезовите на градските порти смело говори: 22#3,7; 14,16; 22,3; 28,26„До кога, незнајници, ќе го сакате незнаењето? До кога бујните ќе се насладуваат со бујноста? До кога глупавите ќе го мразат знаењето? 23#Ис 11,1-4; 32,15; Јоил 3Обрнете се кон моите изобли­чу­вања; еве, јас ќе го излеам духот свој врз вас, ќе ви ги кажам зборовите свои. 24#Ис 65,2.12; 66,4; Ер 7,13; Зах 7,11; Мт 11,16Јас викав, а вие не послушавте; ја протегав својата рака, но никој не ја забележа; 25#Пс 107,11; Лк 7,30вие ги отфрливте моите совети, не внимававте кога ве изобличував. 26#3,34; Пс 2,4Затоа ќе се насмеам на вашата по­гибел; ќе се зарадувам кога ќе ве снајде ужас, 27#10,25; Соф 1,15кога ќе ве нападне ужас како бу­ра, и зло како виор ќе мине над вас, кога ќе ве снајде неволја и мака. 28#1 Сам 8,18; Ис 1,15; Ер 11,11; Мих 3,4; Пс 18,41; Јов 27,9; Јн 7,34Тогаш ќе ме викаат, но јас нема да чујам; ќе ме бараат и нема да ме најдат. 29#1,22; Ис 1,3; 5,13Затоа што го намразија знаењето и не го примија стравот Господов; 30#3,11; Пс 81,11затоа што не го примија мојот совет и ги презреа моите разобличу­вања. 31#5,22-23; 14,14; 22,8; Ер 6,19; Јов 4,8Поради тоа тие ќе јадат од плодо­вите на своите патишта и ќе се наситуваат од своите замисли. 32#Ер 2,19; Мт 19,8Зашто неразумните ќе ги убие нивната упорност, а глупавите ќе ги погуби нивната негрижа; 33#3,24-26; Пс 25,12-13но кој мене ме слуша, ќе живее безопасно и спокојно, не плашејќи се од злото.“

Селектирано:

Изреки 1: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност