Мудроста говори високо на улицата, го крева гласот свој по плоштадите, проповеда во главните места за собирање, при влезовите на градските порти смело говори: „До кога, незнајници, ќе го сакате незнаењето? До кога бујните ќе се насладуваат со бујноста? До кога глупавите ќе го мразат знаењето? Обрнете се кон моите изобличувања; еве, јас ќе го излеам духот свој врз вас, ќе ви ги кажам зборовите свои. Јас викав, а вие не послушавте; ја протегав својата рака, но никој не ја забележа; вие ги отфрливте моите совети, не внимававте кога ве изобличував. Затоа ќе се насмеам на вашата погибел; ќе се зарадувам кога ќе ве снајде ужас, кога ќе ве нападне ужас како бура, и зло како виор ќе мине над вас, кога ќе ве снајде неволја и мака.
Прочитај Изреки 1
Сподели
Спореди ги сите верзии: Изреки 1:20-27
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа