Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Филипјаните 4:14-20

Филипјаните 4:14-20 MK2006

Но, добро направивте што зедовте учество во мојата скрб. А знаете и вие, Филипјани, дека во почетокот на проповедањето на Еван­ге­лието, кога отпатував од Македонија, немаше ниту една црква нешто да ми даде или нешто да примам освен од вас; зашто и во Солун, еднаш, и по вторпат ми пративте нужни работи. Ова го велам не дека сакам да ми давате, туку го барам плодот кој се ум­ножува во ваша полза. Добив сѐ и имам во изобилие, се пренаполнив со блага, кога го примив од вас испратениот дар преку Епаф­ро­дит, кој е мирис сладок, жртва пријатна, благоугодна на Бога. Мојот Бог, по Своето богатство, не­ка ја исполни секоја ваша потреба, за слава преку Христос Исус. А на Бога, нашиот Отец, слава во вечни векови. Амин!