Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Филипјаните 2:3-11

Филипјаните 2:3-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Немојте да правите ништо од себичност, од ривалство и со цел да се истакнете, туку работете скромно и негувајте повисоко мислење за другите, отколку за себе. Не гледајте си ги само сопствените интереси, туку грижете се и за потребите на другите. Размислувајте онака како што размислуваше Исус Христос: Тој, иако по Својата природа е Бог, е ја искористи Својата еднаквост со Бог за да приграби нешто за Себе. Напротив, се откажа од тоа и стана слуга, се роди во човечко тело и живееше како човек. Како човек, Тој се понижи, остана покорен и по цена на Својот живот, и понизно умре распнат на крст. Затоа Бог Го воздигна и Му даде име поголемо од секое друго име. Пред тоа име, пред Исус, сите суштества на колена ќе клекнат: небесните, земните и оние под земјата, сите отворено ќе признаат дека Исус Христос е Господ! Тоа ќе Му донесе слава на Бог Таткото.

Филипјаните 2:3-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Не правете ништо од натпреварување или од суетно честољубие, туку во понизност сметајте се еден друг за поголем од себеси! Не гледајте секој само на своето, туку секој нека гледа на она што се однесува за другите. Имајте ја во себе истата мисла, која беше и во Исуса Христа; Кој, иако е во Божјо обличје, не го сметаше како грабнато - тоа што е еднаков со Бога, туку се лиши Самиот Себе, и зеде обличје на слуга станувајќи сличен со луѓето. И откако се најде во лик како човек, Тој се понизи Самиот Себе и стана послушен до смрт, дури и до смрт на крст. Затоа и Бог Го превозвиши и Му подари име, што е над секое име, и во Исусовото име да се поклони секое колено на оние: кои се на небото, и на земјата, и под земјата; и секој јазик да исповеда дека Исус Христос е Господ, за слава на Бог Таткото.