Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Филипјаните 2:1-18

Филипјаните 2:1-18 MK2006

И така, ако во Христос има не­ка­ква утеха, ако има некаков поттик од љубовта, ако има некакво заедништво со Духот, ако има некое милосрдие и сострадание, исполнете ја мојата радост: бидете со една мисла, бидејќи имате една и ис­та љубов, и бидете еднодушни и едно­мислени; не правете ништо од честољубие или за празна слава, но од понизност сметај­те се еден друг за погорен од себеси! Не грижете се секој само за себе, ту­ку и за другите! Бидејќи вие треба да ги имате ис­ти­те мисли, што ги има Исус Христос, Кој, иако беше во Божји лик, не сме­таше дека треба да го искористи тоа што е еднаков со Бога; но Сам Себе се понизи, земајќи лик на слуга се изедначи со луѓето и по из­глед се покажа како човек; Сам Себе се понизи, послушен сѐ до самата смрт, смрт на крст. Па затоа и Бог Го превозвиши и Му даде име што е над секое име, та во името на Исус да се поклони секое колено на сѐ што е небесно, земно и подземно, и секој јазик да исповеда дека Исус Христос е Господ, за слава на Бог Оте­цот. Затоа, возљубени мои, како што секогаш ме слушавте, не само во мое присуство, туку многу повеќе сега, кога сум отсутен, со страв и трепет градете го своето спасение, зашто Бог е Оној Кој во вас прави да сакате и да дејствувате според Не­го­вата добра волја. Правете сѐ без мрморење и дво­уме­ње, за да бидете прави и чисти, не­по­рочни чеда Божји, сред изопачено и развратно поколение, во кое светите како светила во светот, држејќи се за словото на животот, за моја гордост во денот Христов, дека не трчав напразно и не се трудев на­празно. Но, иако се излевам како жртва леаница и за служба на вашата вера, се радувам сам и се радувам со сите вас. Така исто радувајте се и вие и за­ра­дувајте ме!

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност