Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Филипјаните 1:18-26

Филипјаните 1:18-26 MK2006

Другите, пак, проповедаат од љу­бов, знаејќи дека јас сум поставен да го бранам Евангелието. Зашто знам дека тоа ќе ми послужи за спасение со вашата молитва и преку дејството на Духот на Исус Христос, како што очекувам со нетрпение и се надевам дека во ништо нема да се по­срамам, но со сета моја храброст, како секогаш, така и сега, ќе се возвеличи Христос во моето тело – било со живот, било со смрт. За мене, „да се живее“ значи Хрис­тос, а „да се умре“ – придобивка. Ако, пак, живеењето мое во тело ми придонесува плод на делото, тогаш што да одберам не знам. Измачуван сум и од едното, и од другото: сакам да заминам и да бидам со Христос, бидејќи тоа е многу по­доб­ро; но да останам во телото е попотребно за вас. Уверен во тоа, знам дека ќе оста­нам и ќе пребивам со сите вас за ваш напредок и радост на верата, та пофалбата ваша во Христос Исус да се умножува преку мене, кога повторно ќе дојдам кај вас.