Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 5:1-10

Броеви 5:1-10 MK2006

И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: „Заповедај им на синовите израел­ски да ги истераат надвор од населбата сите лепрозни, и сите што имаат капа­вица, и сите што се оскверниле од мр­товец; и мажите и жените истерајте ги, на­двор од населбата истерајте ги, за да не ги осквернуваат домовите свои, меѓу кои и Јас живеам.“ Така и направија синовите на Из­раел – ги истераа надвор од населбата: како што му рече Господ на Мојсеј, така и направија синовите израелски. И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: „Кажи им на синовите израелски: ако маж или жена направи кој и да било грев против човек и со тоа изврши престап против Господ, виновна е таа душа. Нека го исповеда направениот грев и да го врати она, за што е виновен, и да додаде кон тоа уште една петина и да му го даде на оној, против кого згрешил. Ако тој човек нема наследник, кому би требало да му се врати за вината, тогаш да му го посвети тоа на Господ: нека биде тоа за свештеникот, освен овенот за очистување, преку кој ќе го очисти. И секој принос од сѐ што ќе се осветува за синовите израелски, а ќе го донесуваат за Господ при свештеникот, нему му припаѓа; и посветеното, од кого и да е, нему му припаѓа; и, ако некој му даде нешто на свештеникот, нему му припаѓа.“