Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 5:1-10

Броеви 5:1-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: „Заповедај им на синовите израел­ски да ги истераат надвор од населбата сите лепрозни, и сите што имаат капа­вица, и сите што се оскверниле од мр­товец; и мажите и жените истерајте ги, на­двор од населбата истерајте ги, за да не ги осквернуваат домовите свои, меѓу кои и Јас живеам.“ Така и направија синовите на Из­раел – ги истераа надвор од населбата: како што му рече Господ на Мојсеј, така и направија синовите израелски. И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: „Кажи им на синовите израелски: ако маж или жена направи кој и да било грев против човек и со тоа изврши престап против Господ, виновна е таа душа. Нека го исповеда направениот грев и да го врати она, за што е виновен, и да додаде кон тоа уште една петина и да му го даде на оној, против кого згрешил. Ако тој човек нема наследник, кому би требало да му се врати за вината, тогаш да му го посвети тоа на Господ: нека биде тоа за свештеникот, освен овенот за очистување, преку кој ќе го очисти. И секој принос од сѐ што ќе се осветува за синовите израелски, а ќе го донесуваат за Господ при свештеникот, нему му припаѓа; и посветеното, од кого и да е, нему му припаѓа; и, ако некој му даде нешто на свештеникот, нему му припаѓа.“

Броеви 5:1-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Господ му рече на Мојсеја: „Нареди им на Израелевите синови да ги отстранат од логорот: секој лепрозен, секој што има излив и секој што ќе се онечисти со мртво тело. Отстранете ги и машките и женските! Истерајте ги надвор од живеалиштето, за да не ги онечистат своите логори, во кои престојувам Јас меѓу нив.“ Израелевите синови направија така: ги истераа од логорот. Како што Господ му нареди на Мојсеја, така и направија Израелците. Господ му рече на Мојсеја: „Кажи им на Израелците: ‘Кога некој маж или некоја жена направи некаков грев против човек, и кога преку тоа направи престап против Господа, и е виновен, нека го признае сторениот грев, нека ја надомести штетата колку што може подобро и уште нека додаде петина кон тоа и нека му го даде на оној, кому му згрешил. Ако човекот нема поблизок роднина, кому може да му биде вратен надоместокот, тоа нека Му го посветат на Господа, тоа нека биде за свештеникот, покрај овенот за очистување со кого тој ќе го очисти. И секој принос од сите свети нешта, што Израелците му ги донесуваат на свештеникот, му припаѓаат нему. Од секој човек посветените работи да бидат негови; и нека на свештеникот му припаѓа она што некој му го дава нему.’“