И им рече Господ на Мојсеј и на Арон, велејќи: „Синовите израелски треба да логоруваат секој кај своето знаме со ознаките на предците свои; и да се настанат околу скинијата на собранието на пристојна оддалеченост. Најнапред, на исток, ќе се настанат легионите Јудини со војниците свои, и началникот на Јудините потомци Наасон, синот на Аминадав. Силата на неговата војска изнесува седумдесет и четири илјади и шестотини војници. По него да се распореди племето Исахарово, и началникот на Исахаровите потомци Натанаил, синот на Цуар, чија сила е изброена на педесет и четири четиристотини војници. Понатаму племето Завулоново, и началникот на потомците Завулонови Елијав, синот Хелонов; бројот на неговата војска изнесува педесет и седум илјади и четиристотини војници. Сите изброени во Јудиниот табор се сто осумдесет и шест илјади и четиристотини војници; тие први да тргнат.
Прочитај Броеви 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: Броеви 2:1-9
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа