Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 2:1-9

Броеви 2:1-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И им рече Господ на Мојсеј и на Арон, велејќи: „Синовите израелски треба да лого­руваат секој кај своето знаме со озна­ките на предците свои; и да се настанат околу скинијата на собранието на пристојна оддалеченост. Најнапред, на исток, ќе се настанат легионите Јудини со војниците свои, и началникот на Јудините потомци Наасон, синот на Аминадав. Силата на неговата војска изнесува седумдесет и четири илјади и шестотини војници. По него да се распореди племето Исахарово, и началникот на Исахаро­вите потомци Натанаил, синот на Цуар, чија сила е изброена на педесет и четири четиристотини војници. Понатаму племето Завулоново, и началникот на потомците Завулонови Елијав, синот Хелонов; бројот на неговата војска изнесува педесет и седум илјади и четиристотини војници. Сите изброени во Јудиниот табор се сто осумдесет и шест илјади и четиристотини војници; тие први да тргнат.

Броеви 2:1-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Господ им рече на Мојсеја и Арона: „Израелците нека ги оптегнуваат своите шатори секој при своето знаме, под знаците на својот татковски дом; нека ги поставуваат околу Шаторот на средбата, но малку подалеку. Однапред, на источната страна, знамето на Јудиниот логор, по нивните чети. Главатар на Јудините потомци е Насон, синот Аминадавов. Неговата војска брои седумдесет и четири илјади и шест стотини избројани. Исахаровото племе нека ги постави шаторите до него. Началник на Исахаровите потомци е Натанаил, синот Согаров. Неговата војска брои педесет и четири илјади и четири стотини запишани. Натаму Завулоновото племе. Началник на Завулоновите потомци е Елијав, синот Хелонов. Неговото воинство брои педесет и седум илјади и четири стотини запишани. По нивните чети, сите запишани во Јудиниот логор се сто осумдесет и шест илјади и четири стотини. Тие нека тргнуваат први!