Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Неемија 2:4-8

Неемија 2:4-8 MK2006

И царот ми рече: „Па што бараш?“ Јас се помолив на небесниот Бог и му одговорив на царот: „Ако му е угодно на царот, и ако твојот слуга нашол благоволение пред лицето твое, тогаш испрати ме во Јудеја, во градот, каде што се гробовите на предците мои за да го изѕидам.“ И ми рече царот пред царицата, која седеше до него: „Колку време ќе трае патот твој, и кога ќе се вратиш?“ И ца­рот се согласи да ме пушти, от­како го определив времето. Тогаш му реков на царот: „Ако благоволи царот, нека ми се даде писмо до управителите на областа зад Реката за да ми дозволат да минувам, додека стигнам до Јудеја, и писмо до Асаф, чуварот на цар­ските шуми, да ми даде дрва за врати­те на тврдината што е кај Божјиот дом, и за градските ѕидишта, и за ку­ќата, во која ќе живеам.“ И царот ми даде, бидејќи раката на Бога беше над мене.