Неемија 2:4-8 - Compare All Versions
Неемија 2:4-8 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И царот ми рече: „Па што бараш?“ Јас се помолив на небесниот Бог и му одговорив на царот: „Ако му е угодно на царот, и ако твојот слуга нашол благоволение пред лицето твое, тогаш испрати ме во Јудеја, во градот, каде што се гробовите на предците мои за да го изѕидам.“ И ми рече царот пред царицата, која седеше до него: „Колку време ќе трае патот твој, и кога ќе се вратиш?“ И царот се согласи да ме пушти, откако го определив времето. Тогаш му реков на царот: „Ако благоволи царот, нека ми се даде писмо до управителите на областа зад Реката за да ми дозволат да минувам, додека стигнам до Јудеја, и писмо до Асаф, чуварот на царските шуми, да ми даде дрва за вратите на тврдината што е кај Божјиот дом, и за градските ѕидишта, и за куќата, во која ќе живеам.“ И царот ми даде, бидејќи раката на Бога беше над мене.
Неемија 2:4-8 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Царот ме праша: „И така, што сакаш?“ Го повикав небескиот Бог и му одговорив на царот: „Ако му е по волја на царот, и ако ти е мил твојот слуга, пушти ме да отидам во Јудеја, во градот на гробовите на моите татковци, за да го обновам“. Царот ме праша пред царицата, која седеше покрај него: „Колку ќе трае твојот пат? Кога ќе се вратиш?“ Откако го утврдив времето, што му одговараше на царот, ме пушти да одам. Уште му реков на царот: „Ако му е по волја на царот, би можел да им однесам писма на управителите од онаа страна на Реката, за да ме пуштат до Јудеја; и писмо до Асафа, надгледувачот на царевата гора, за да ми даде дрва за градење на вратата на тврдината на Храмот, за градскиот ѕид и за куќата во која ќе се настанам“. И царот ми даде, зашто добрата рака на мојот Бог беше над мене.