Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 6:45-52

Марко 6:45-52 MK2006

И веднаш ги натера учениците Свои да влезат во кораб и да отидат по­рано од Него на другата страна кон Витсаида, дури Тој не го распушти на­ро­дот. А Тој, одделувајќи се од нив, отиде во гората за да се помоли. Приквечер коработ беше сред мо­рето, а Тој сам на копното. И ги виде како се мачат при пло­ве­њето, зашто ветрот им беше спротивен; а околу четвртата ноќна стража се приближи до нив и, одејќи по морето, сакаше само да помине покрај нив. А тие, кога го видоа како оди по морето, помислија дека е тоа привидение, и почнаа да викаат; зашто сите Го видоа и се уплашија. Тој веднаш почна да говори со нив и им рече: „Не плашете се! Јас сум, не бојте се!“ И влезе кај нив во коработ и ветрот стивна. А тие многу се уплашија и се чудеа во себе. Зашто не се вразумија (од чудото) со лебовите, бидејќи срцето им беше скаменето.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност