А кога премина Исус со коработ пак на другата страна, кај Него се собра многу народ. И беше покрај морето. И ете, дојде еден од началниците на синагогата, по име Јаир; па, штом Го виде, падна пред нозете Негови и усрдно Го молеше многу, говорејќи: „Ќерка ми е на умирање; дојди и положи ги рацете над неа, за да оздрави и биде жива!“ И појде со него. А по Него врвеше многу народ и Го притискаа. Една жена, што страдаше од крвавење дванаесет години, и големи маки беше претрпела од мнозина лекари, потрошила сѐ што имала и никаква полза не видела, а ѝ станало дури уште полошо, штом чу за Исус, се приближи одзади меѓу народот и се допре до облеката Негова; зашто си велеше: „Само ако се допрам до облеката Негова, ќе оздравам.“ И веднаш престана крвавењето, и таа осети во телото свое дека е излекувана од болеста. А Исус одеднаш почувствува во Себе како излезе сила од Него и се сврте кон народот и рече: „Кој се допре до облеката моја?“ Учениците Негови Му рекоа: „Гледаш дека народот Те притиска, а прашуваш: ‚Кој се допре до Мене?‘“ Но Тој гледаше наоколу, за да ја види онаа, што го направи тоа. Жената, пак, се уплаши и трепереше; па, знаејќи што стана со неа, се приближи, падна пред Него и Му ја кажа целата вистина. А Тој ѝ рече: „Ќерко, верата твоја те спаси; оди си со мир и биди здрава од болеста своја!“
Прочитај Марко 5
Слушни за Марко 5
Сподели
Спореди ги сите верзии: Марко 5:21-34
5 дена
ДОВЕРБА: Довербата е активна, не е пасивна; покажува колку нашите зборови соодветствуваат со нашите дела. Довербата е сигурна верба и послушност на Божјиот Збор, без разлика на околностите и последиците. Ова библиско проучување, ќе ти помогне да откриеш практични начини за тоа како да имаш доверба во Божјиот Збор и да го живееш твојот живот согласност со Неговиот Збор.
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа