Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 5:1-43

Марко 5:1-43 MK2006

Преминаа отаде море, во Гадаринската земја. И кога Тој излезе од коработ, вед­наш Го пресретна од гробиштата еден човек со нечист дух. Тој живееше во гробовите, и дури и со вериги никој не можеше да го врзе; зашто многупати беше во окови и во вериги врзан, ама ги кршеше оковите и ги раскинуваше веригите, и никој не можеше да го скроти; и секогаш, ноќе и дење, по гро­биш­тата и по ридиштата викаше и се уди­ра­ше со камења. Штом Го виде Исус оддалеку, при­трча и Му се поклони. Па, како извика со силен глас, рече: „Што имаш, Ти, со мене, Исусе, Сине на Севишниот Бог? Те заколнувам во Бога, не мачи ме!“ Зашто му беше рекол: „Духу нечист, излези од човекот!“ И го праша: „Како те викаат?“ А тој одговори и рече: „Легија ми е името, зашто сме многу.“ И многу Го молеа да не ги брка од тој крај. А таму, по ридот, пасеше големо крдо свињи. И Го молеа и велеа: „Прати нѐ во свињине, да влеземе во нив.“ И Исус веднаш им дозволи. Откако излегоа, нечистите духови влегоа во свињите, и јурнаа свињите по стрмнината во морето, а беа околу две илјади; и се издавија во морето. А оние, што ги пасеа свињите, побегнаа и известија во градот и по околијата. И мнозина излегоа да видат што станало. И дојдоа кај Исус, и го видоа бесомачниот како седи облечен, и со здрав ум, во кого имаше легија, и се упла­шија. А оние, кои беа виделе, раскажуваа што стана со обземениот од зол дух и со свињите. И почнаа да Го молат да си оди од нивните краишта. А кога влезе во коработ, оној, што беше порано бесомачен, Го помоли да биде со Него. Исус не му дозволи, но му рече: „Оди дома кај своите, па раскажи им што стори Господ за тебе и како те помилува.“ Си отиде, и почна да раскажува по Десеттоградието што му направи Исус. И сите се чудеа. А кога премина Исус со коработ пак на другата страна, кај Него се собра многу народ. И беше покрај морето. И ете, дојде еден од началниците на синагогата, по име Јаир; па, штом Го виде, падна пред нозете Негови и усрдно Го молеше многу, гово­реј­ќи: „Ќерка ми е на умирање; дојди и по­ложи ги рацете над неа, за да оздрави и биде жива!“ И појде со него. А по Него врвеше многу народ и Го притискаа. Една жена, што страдаше од крва­вење дванаесет години, и големи маки беше претрпела од мнозина лекари, потрошила сѐ што имала и никаква полза не видела, а ѝ станало дури уште полошо, штом чу за Исус, се приближи одзади меѓу народот и се допре до облеката Негова; зашто си велеше: „Само ако се доп­рам до облеката Негова, ќе оздравам.“ И веднаш престана крвавењето, и таа осети во телото свое дека е излекувана од болеста. А Исус одеднаш почувствува во Се­бе како излезе сила од Него и се сврте кон народот и рече: „Кој се допре до облеката моја?“ Учениците Негови Му рекоа: „Гледаш дека народот Те притиска, а прашуваш: ‚Кој се допре до Мене?‘“ Но Тој гледаше наоколу, за да ја ви­ди онаа, што го направи тоа. Жената, пак, се уплаши и тре­пе­ре­ше; па, знаејќи што стана со неа, се при­ближи, падна пред Него и Му ја кажа целата вистина. А Тој ѝ рече: „Ќерко, верата твоја те спаси; оди си со мир и биди здрава од болеста своја!“ Додека Тој уште зборуваше, дојдоа од кај началникот на синагогата и ре­коа: „Ќерка ти умре; што Му создаваш уште труд на Учителот!“ Но Исус, откако ги чу тие зборови, му рече на началникот на синагогата: „Не плаши се, само верувај!“ И никому не му дозволи да оди со Него, освен на Петар, на Јаков, и на Јо­ван, братот на Јаков. Дојде во куќата на началникот на синагогата и виде растревоженост, пла­чење и силно врискање. И кога влезе, им рече: „Што сте се развикале и расплакале? Девојчето не е умрено, туку спие!“ А тие Му се потсмеваа. Тој, пак, от­како ги истера сите, ги зеде таткото и мајката на девојчето и оние што беа со Него, и влезе каде што лежеше де­вој­че­то. И кога ја фати раката на девојчето, рече: „Талита, куми!“ – што значи: „Де­војко, тебе ти велам, стани!“ И девојката одеднаш стана и почна да оди. А имаше дванаесет години. И сите се зачудија многу. А Тој строго им заповеда, никој да не разбере за тоа и рече: „Дајте ѝ да ја­де!“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност