Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 13:14-37

Марко 13:14-37 MK2006

„А кога ќе видите дека гнасниот пустошник се сместил каде што не тре­ба – кој чита, нека разбере – тогаш, оние што се во Јудеја, нека бегаат по планините; и кој е на покривот, да не слегува во куќата, ниту да влегува да земе нешто од куќата своја; и кој е на нива, да не се враќа за да ја земе облеката своја! Но тешко на бремените и на оние што дојат во тие дни! Туку молете се, бегањето ваше да не биде зиме! Зашто во тие дни ќе има мака, как­ва немало досега од почетокот на светов, што го создаде Бог, а и нема да има. И ако Бог не ги скратеше тие дни, тогаш не би се спасил ниеден човек; но заради избраните, кои ги избра Тој, ќе ги скрати дните. Тогаш, ако ви каже некој: ‚Еве, ов­де е Христос‘, или ‚Ене, таму е‘, не верувајте! Зашто, ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, и избраните. Но вие – чувајте се! Ете, сѐ од­нап­ред ви кажав! Во тие дни, по маките, сонцето ќе потемни и месечината нема да ја дава својата светлина, и ѕвездите небески ќе паѓаат, и си­лите, што се на небото, ќе попуштат. И тогаш ќе Го видат Синот Чо­веч­ки, како иде на облаци со голема сила и слава. Тогаш Тој ќе ги испрати ангелите Свои и ќе ги собере Своите избрани од четирите ветра, од крајот на земјата до крајот на небото. Со смоквата направете споредба: кога нејзините гранки се подмладуваат и пуштаат лисја, знаете дека е близу ле­тото. Па така и вие, кога ќе видите дека сето тоа се случува, знајте дека е близу, пред врата! Вистина ви велам: нема да помине овој род, додека сето тоа не се исполни. Небото и земјата ќе исчезнат, но зборовите Мои нема да исчезнат!“ „А за тој ден и час никој не знае, ни ангелите небесни, ниту Синот, а само Отецот. Внимавајте, бидете будни и молете се, зашто не знаете кога ќе биде часот. Како човек, кој заминувајќи, ја ос­тава куќата своја и им дава власт на слугите свои, секому своја работа, на вратарот му заповеда да биде буден. Бидете будни, зашто не знаете кога ќе дојде домаќинот на куќата, прик­ве­чер ли, или на полноќ, или петлите кога ќе пропеат, или наутро, па да не дојде ненадејно и да ве за­тече како спиете. Што ви зборувам вам, им го зборувам на сите: Бидете будни!“