Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 7:1-14

Матеј 7:1-14 MK2006

„Не судете, за да не бидете судени; зашто, со каков суд судите, со таков ќе бидете судени; со каква мерка ме­ри­те, со таква и ќе ви се мери. Зошто ја гледаш раската во окото на твојот брат, а гредата во своето око не ја чувствуваш? Или, како ќе му кажеш на твојот брат: ‚чекај да ти ја извадам раската од око­то‘, кога во твоето око има греда? Лицемере, извади ја прво гредата од твоето око, па тогаш ќе видиш како да ја извадиш раската од окото на твојот брат! Светото не давајте им го на кучи­ња­та, и не фрлајте си го бисерот пред свињите, за да не го изгазат со своите нозе, и, да се вратат, и да ве раскинат.“ „Посакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори; зашто секој што моли, добива, и кој бара, наоѓа, и на оној што чука ќе му се отвори. Има ли меѓу вас човек, кој, ако му посака неговиот син леб, ќе му даде ка­мен, и кога ќе посака риба, ќе му даде змија? И така, ако вие кои сте лоши, уме­ете да им давате на своите чеда добри дарови, колку ли повеќе вашиот Отец не­бесен ќе им даде добра на оние што Му бараат? Сѐ она што сакате да ви прават лу­ѓето, правете им го и вие; зашто тоа е Законот и пророците.“ „Влезете низ тесната врата; зашто широки се вратите и широк е патот што води кон пропаст, и мнозина минуваат низ нив; а тесни се вратите и тесен е патот што водат кон животот, и малкумина ги наоѓаат.“