А кога беше Исус во Витанија, во куќата на Симон Лепрозниот, се приближи до Него една жена, која носеше шише со скапоцен мирис и го изли врз главата Негова, кога Тој седеше на трпезата. И кога го видоа тоа учениците Негови, се расрдија и рекоа: „Какво е тоа растурање? Зашто тој мирис можеше да се продаде многу скапо и парите да се разделат на сиромаси.“ Но Исус, разбирајќи го тоа, им рече: „Зошто ја буните жената? Таа направи добро дело за Мене! Бидејќи сиромасите ги имате секогаш покрај себе, а Мене Ме немате секогаш; таа, излевајќи го тој мирис врз телото Мое, Ме приготви за погреб. Вистина, ви велам: каде и да биде проповедано ова Евангелие, по цел свет ќе се прикажува тоа што го направи таа, за нејзин спомен.“ Тогаш еден од дванаесетте, по има Јуда Искариот, отиде кај првосвештениците и рече: „Што ќе ми дадете, па да ви Го предадам?“ А тие му предложија триесет сребреници. И оттогаш тој бараше погодно време да Го предаде.
Прочитај Матеј 26
Слушни за Матеј 26
Сподели
Спореди ги сите верзии: Матеј 26:6-16
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа