Матеј 23:29-36
Матеј 23:29-36 MK2006
„Тешко вам книжници и фарисеи, лицемери, зашто им ѕидате гробници на пророците и ги украсувате спомениците на праведните, па велите: ‚Да живеевме во дните на нашите татковци, немаше да станеме нивни соучесници во крвта на пророците.‘ А со тоа сведочите сами против себе, дека сте синови на оние што ги убиле пророците. Дополнете ја и вие мерата на татковците ваши! Змии и рожби аспидини, како ќе побегнете од пресудата за во пеколот? Затоа, ете, Јас праќам кај вас пророци и мудреци и книжници; едни ќе убиете и распнете, а други ќе тепате по синагогите и ќе ги прогонувате од град во град; за да падне врз вас сета праведна крв што е пролеана на земјата, од крвта на праведниот Авел па до крвта на Захарија, синот на Варахија, кого го убивте меѓу храмот и жртвеникот. Вистина, ви велам: сето тоа ќе падне врз овој род!“

