Матеј 23:29-36
Матеј 23:29-36 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
„Тешко вам, вероучители и фарисеи, лицемери ниедни! Вие им ѕидате гробници на пророците и ги украсувате спомениците на праведниците, и велите: ,Да живеевме во времето на нашите предци, ние немаше да соучествуваме во убивањето на пророците!‘ Така самите признавате дека сте им потомци на оние што ги убиваа пророците! Затоа, ајде, довршете го делото на вашите предци! Змии ниедни и змиски рожби! Како ќе ја избегнете пресудата за во пеколот!? Затоа, еве, испраќам меѓу вас пророци и мудри луѓе и вероучители, а вие некои од нив ќе убиете, на крст ќе ги распнете, а некои ќе ги камшикувате по синагогите и ќе ги прогонувате од еден град во друг. Така, врз вас ќе падне казната за сите невини жртви на Земјата, од убиството на праведниот Авел до убиството на Захарија, синот на Берекија, кого го убивте меѓу храмот и жртвеникот! Ве уверувам дека казната за сите овие убиства ќе падне врз оваа генерација!
Матеј 23:29-36 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
„Тешко вам книжници и фарисеи, лицемери, зашто им ѕидате гробници на пророците и ги украсувате спомениците на праведните, па велите: ‚Да живеевме во дните на нашите татковци, немаше да станеме нивни соучесници во крвта на пророците.‘ А со тоа сведочите сами против себе, дека сте синови на оние што ги убиле пророците. Дополнете ја и вие мерата на татковците ваши! Змии и рожби аспидини, како ќе побегнете од пресудата за во пеколот? Затоа, ете, Јас праќам кај вас пророци и мудреци и книжници; едни ќе убиете и распнете, а други ќе тепате по синагогите и ќе ги прогонувате од град во град; за да падне врз вас сета праведна крв што е пролеана на земјата, од крвта на праведниот Авел па до крвта на Захарија, синот на Варахија, кого го убивте меѓу храмот и жртвеникот. Вистина, ви велам: сето тоа ќе падне врз овој род!“
Матеј 23:29-36 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
“Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, кои им градите гробови на пророците и им ги украсувате спомениците на пра-ведните, и велите: „Ако живее-вме во деновите на нашите татковци, не ќе бевме нивни соучесници во крвта на пророците.“ Така сведочите за себе, дека сте синови на оние, кои ги убиле пророците. И вие ја дополнивте мерата на вашите татковци! Змии, змиски породи! како ќе побегнете од судот на пеколот? Затоа, еве, Јас ви праќам: пророци, и мудреци, и книжници. Од нив едните ќе ги убиете и распнете, а другите ќе ги бичувате во вашите синагоги и ќе ги гоните од град до град, за да дојде врз вас сета праведна крв, пролеана на земјата, од крвта на праведниот Авел до крвта на Захарија, синот Варахиин, кого го убивте меѓу Храмот и жртвеникот. Вистина ви велам, сето тоа ќе дојде врз ова поколение.“