Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 23:16-22

Матеј 23:16-22 MK2006

Тешко вам, водачи слепи, кои ве­ли­те: ‚Ако се заколне некој во храмот, не е ништо; но ако се заколне некој во злато на храмот, виновен е.‘ Безумни и слепи! Што е поголемо: златото или храмот кој го осветува златото? Исто така велите: ‚Ако некој се за­колне во жртвеникот, ништо не е; но, ако некој се заколне во дарот што е на него, виновен е.‘ Безумни и слепи! Што е посвето: дарот или жртвеникот што го осветува дарот? А кој ќе се заколне во жртвеникот, се колне во него и во сѐ што е врз него; и кој ќе се заколне во храмот, се колне во него и во Оној Кој живее во него; и кој ќе се заколне во небото, се колне во престолот Божји и во Оној, што седи на него.