Матеј 23:16-22
Матеј 23:16-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Тешко вам, слепи водачи, кои велите: ,Ако некој се заколне во Божјиот храм, тоа на ништо не го обврзува, но ако се заколне во црковното злато, тогаш, тоа го обврзува!‘ Безумници и слепци ниедни! Што е поважно: златото или храмот што го прави златото да биде свето!? И ова го велите: ,Ако некој се заколне во олтарот, тоа на ништо не го обврзува, а ако се заколне во жртвениот прилог на олтарот, тогаш, тоа го обврзува!‘ Слепци ниедни! Што е поважно: жртвениот прилог на олтарот или олтарот што го прави прилогот да биде свет!? Тој што се заколнува во олтарот, се заколнува во него и во си што е на него! Тој што се заколнува во храмот, се заколнува во него и во Бога Кој е присутен во него! Тој што се заколнува во небото, се заколнува во Божјиот престол и во Бога, Кој седи на него!
Матеј 23:16-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тешко вам, водачи слепи, кои велите: ‚Ако се заколне некој во храмот, не е ништо; но ако се заколне некој во злато на храмот, виновен е.‘ Безумни и слепи! Што е поголемо: златото или храмот кој го осветува златото? Исто така велите: ‚Ако некој се заколне во жртвеникот, ништо не е; но, ако некој се заколне во дарот што е на него, виновен е.‘ Безумни и слепи! Што е посвето: дарот или жртвеникот што го осветува дарот? А кој ќе се заколне во жртвеникот, се колне во него и во сѐ што е врз него; и кој ќе се заколне во храмот, се колне во него и во Оној Кој живее во него; и кој ќе се заколне во небото, се колне во престолот Божји и во Оној, што седи на него.
Матеј 23:16-22 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
“Горко вам, слепи водачи, кои велите: ‘Ако некој се заколне во Храмот, не е ништо; ако пак се заколне во црковното злато, тогаш е обврзан!’ Безумни и слепи! Што е поголемо: златото или Храмот, што го осветува златото? И: ‘Ако некој се заколне во жртвеникот, не е ништо; а ако се заколне во дарот, што е врз него, тогаш е обврзан.’ Слепци! Што е поголемо: дарот или жртве-никот, што го осветува дарот? И така, кој се колне во жртвеникот, се колне во него и во сѐ што е врз него. И кој се колне во Храмот, се колне во него и во Оној, Кој живее во него. И кој се колне во небото, се колне во Божјиот престол и во Оној, Кој седи на него.“