Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 23:13-24

Матеј 23:13-24 MK2006

„Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, затоа што го затворате цар­ството небесно пред луѓето; зашто, ниту вие влегувате, ниту ги пуштате да влезат оние што сакаат да влезат. (Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто ги подјадувате до­мо­вите на вдовиците и лицемерно долго се молите; заради тоа ќе добиете поголема осуда.) Тешко вам книжници и фарисеи, лицемери, зашто обиколувате по море и по копно за да добиете еден следбеник, и кога ќе успеете во тоа, тогаш го пра­ви­те син на пеколот, двапати полош од вас. Тешко вам, водачи слепи, кои ве­ли­те: ‚Ако се заколне некој во храмот, не е ништо; но ако се заколне некој во злато на храмот, виновен е.‘ Безумни и слепи! Што е поголемо: златото или храмот кој го осветува златото? Исто така велите: ‚Ако некој се за­колне во жртвеникот, ништо не е; но, ако некој се заколне во дарот што е на него, виновен е.‘ Безумни и слепи! Што е посвето: дарот или жртвеникот што го осветува дарот? А кој ќе се заколне во жртвеникот, се колне во него и во сѐ што е врз него; и кој ќе се заколне во храмот, се колне во него и во Оној Кој живее во него; и кој ќе се заколне во небото, се колне во престолот Божји и во Оној, што седи на него. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто давате десеток од на­не, копра и ким, а сте го оставиле нај­важното во Законот: праведноста, ми­лоста и верата; ова требаше да го пра­вите, а и она да не го оставате. Водачи слепи, вие комарецот го це­дите, а камилата ја проголтувате!