Во тој час се приближија учениците до Исус и рекоа: „Кој е најголем во царството небесно?“ И Исус повика едно дете, го постави меѓу нив и им рече: „Вистина ви велам, ако не се промените и не бидете како деца, нема да влезете во царството небесно: кој ќе биде понизен како ова дете, тој е најголем во царството небесно; и кој прима такво дете во Мое име, Мене Ме прима.“ „Кој ќе соблазни едно од овие мали, за него е подобро да му се обеси воденички камен на вратот и да потоне во морска длабочина. Тешко му на светот од соблазни, зашто соблазните треба да дојдат; но тешко му на оној човек, преку кого доаѓа соблазната. Ако те соблазнува раката твоја или ногата твоја, отсечи ја и фрли ја од себе: подобро е за тебе да влезеш во животот без една рака или нога, отколку со двете раце и двете нозе да бидеш фрлен во вечниот оган; и ако те соблазнува окото твое, извади го и фрли го од себе: подобро е за тебе да влезеш во животот со едно око, отколку да ги имаш и двете очи, а да бидеш фрлен во огнениот пекол.“
Прочитај Матеј 18
Слушни за Матеј 18
Сподели
Спореди ги сите верзии: Матеј 18:1-9
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа