Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 18:1-9

Матеј 18:1-9 MK2006

Во тој час се приближија учениците до Исус и рекоа: „Кој е најголем во царството небесно?“ И Исус повика едно дете, го постави меѓу нив и им рече: „Вистина ви велам, ако не се промените и не бидете како деца, не­ма да влезете во царството небесно: кој ќе биде понизен како ова дете, тој е најголем во царството небесно; и кој прима такво дете во Мое име, Мене Ме прима.“ „Кој ќе соблазни едно од овие ма­ли, за него е подобро да му се обеси во­денички камен на вратот и да потоне во морска длабочина. Тешко му на светот од соблазни, зашто соблазните треба да дојдат; но тешко му на оној човек, преку кого до­аѓа соблазната. Ако те соблазнува раката твоја или ногата твоја, отсечи ја и фрли ја од се­бе: подобро е за тебе да влезеш во животот без една рака или нога, отколку со двете раце и двете нозе да бидеш фрлен во вечниот оган; и ако те соблазнува окото твое, извади го и фрли го од себе: подобро е за те­бе да влезеш во животот со едно око, отколку да ги имаш и двете очи, а да би­деш фрлен во огнениот пекол.“