Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 17:22-27

Матеј 17:22-27 MK2006

А кога беа во Галилеја, Исус им ре­че: „Синот Човечки ќе биде предаден во раце човечки, и ќе Го убијат, и на третиот ден ќе воскресне.“ И тие многу се нажалија. А кога пристигнаа во Капернаум, му пристапија на Петар оние што собираа дидрахми и му рекоа: „Учителот ваш не плаќа ли дидрахми?“ Тој одговори: „Плаќа.“ И кога влезе дома, Исус го испревари и рече: „Како ти се чини, Симоне? Земните цареви од кого земаат царина или данок? Од сво­ите синови или од туѓи?“ Петар Му одговори: „Од туѓите.“ Исус му рече: „Значи, синовите не пла­ќаат; но, за да не ги соблазниме, отиди до морето, фрли јадица и првата риба што ќе се улови, земи ја; и, кога ќе ѝ ја от­вориш устата, ќе најдеш статир; земи го и подај им го за Мене и за себе!“