Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 16:1-20

Матеј 16:1-20 MK2006

Тогаш пристапија кон Исус фарисеите и садукеите и, иску­шу­вајќи Го, побараа да им покаже чудо од небото. Тој, одговарајќи им, рече: „Навечер велите: ‚ќе биде ведро, зашто небото е црвено‘; а наутро: ‚денес ќе има невреме, за­што небото е матно.‘ Лицемери, изгледот на небото можете да го распознава­те, а знаците на времињата не можете? Род лукав и прељуботворен бара знак, но знак нема да му се даде освен знакот на пророкот Јона.“ Па оставајќи ги, си замина. И преоѓајќи на спротивната страна, учениците Негови заборавија да земат леб. Исус им рече: „Внимавајте и чувајте се од квасецот фарисејски и садукејски!“ А тие помислија во себе и си рекоа: „Тоа е што не зедовме леб!“ Но Исус ги разбра и им рече: „Ма­ло­верни, зошто мислите во себе дека не сте зеле леб? Уште ли не разбирате и не помните за петте леба на пет илјади души, и кол­ку кошеви собравте? Ниту за седумте леба на четири ил­јади души, и колку кошници собравте? Како не разбирате дека не ви зборував за леб: ‚Чувајте се од квасот фа­ри­сејски и садукејски!‘“ Тогаш разбраа дека Тој им беше ре­кол да се пазат не од лебниот квас, туку од учењето фарисејско и садукејско. И кога дојде Исус во областа на Ке­сарија Филипова, ги праша учениците Свои и рече: „Што велат луѓето, кој е Синот Човечки?“ Тие одговорија: „Едни дека е Јован Крстител, други дека е Илија, а некои дека е Еремија или дека е еден од пророците.“ А Тој им рече: „А вие, што мисли­те, Кој сум Јас?“ Симон Петар одговори и рече: „Ти си Христос, Синот на живиот Бог.“ Тогаш Исус му одговори и рече: „Блажен си ти, Симоне, сине Јонин, зашто тело и крв не ти го открија тоа, туку Мојот Отец, Кој е на небесата. А Јас тебе ти велам: ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат. И ќе ти ги дадам клучевите од не­бесното царство, и што ќе сврзеш на земјата, ќе биде сврзано на небесата; а што ќе разврзеш на земјата, ќе биде разврзано и на небесата.“ Тогаш Исус им заповеда на уче­ниците Свои да не кажуваат никому дека Тој е Христос.