Матеј 16:1-20
Матеј 16:1-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Еден ден кај Исус дојдоа некои од фарисеите и садукеите, со намера да Го искушаат, и побараа од Него да им покаже некој чудотворен знак од небото. Исус им одговори: „Кога небото е црвено на квечерина, вие велите: ,Времето ќе биде убаво!‘ Кога небото е црвено и заматено наутро, велите: ,Денес ќе има невреме!‘ Значи, изгледот на небото знаете да го протолкувате, а знаците на Моето време не умеете да ги препознаете! Само грешни и безбожни луѓе бараат чудотворен знак, но ним нема да им биде даден никаков друг знак, освен знакот на пророкот Јона!“ Потоа Тој ги остави и си замина. Подоцна, кога учениците на Исус се упатија кон спротивниот брег на езерото, беа заборавиле да понесат леб. А токму тогаш Исус им говореше: „Чувајте се од квасецот на фарисеите и садукеите!“ Учениците почнаа да си шепотат меѓу себе: „Ова го зборува затоа што заборавивме да понесеме леб!“ Исус, пак, знаејќи за што шепотат, им рече: „Зошто разговарате за лебот што сте го заборавиле? Колку малку вера имате! Зар уште не разбирате? Заборавивте ли веќе колку кошници ви преостанаа, кога со пет леба нахранив повеќе од пет илјади души? И колку кошници собравте од седумте леба со кои нахранив четири илјади души? Како не сфаќате дека не зборував за леб, кога ви реков: ,Чувајте се од квасецот на фарисеите и садукеите‘!?“ Дури тогаш сфатија дека не им вели да се чуваат од квасец за леб, туку од она што го проповедаат фарисеите и садукеите. Пристигнувајќи во околината на градот Цезареја Филипова, Исус ги запраша Своите ученици: „Што велат луѓето за Мене, Синот Човечки?“ А тие одговорија: „Едни велат дека Си Јован Крстител, други дека си пророкот Илија, а трети дека Си пророкот Еремија или еден од пророците.“ „А за кого Ме сметате вие?“ ги праша Исус. Симон Петар прв се произнесе: „Ти Си Месијата Синот на живиот Бог!“ Тогаш Исус му рече: „Ти си благословен, Симоне, сине Јованов! Зашто ова сознание не ти е објавено од човек, туку од Мојот небесен Татко! Затоа Јас ти велам: ,Ти си Петар‘ (што значи ,карпа‘), и врз оваа карпа Јас ќе ја изградам Мојата Црква, така што ни адските порти не ќе можат да го запрат нејзиниот пробив! И ќе ти ги дадам клучевите од небесното царство: тоа што ќе го затвориш на Земјата ќе биде затворено и на небесата; а тоа што ќе го отвориш на Земјата, ќе биде отворено и на небесата.“ Потоа им заповеда на Своите ученици никому да не кажуваат дека Тој е Месијата.
Матеј 16:1-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тогаш пристапија кон Исус фарисеите и садукеите и, искушувајќи Го, побараа да им покаже чудо од небото. Тој, одговарајќи им, рече: „Навечер велите: ‚ќе биде ведро, зашто небото е црвено‘; а наутро: ‚денес ќе има невреме, зашто небото е матно.‘ Лицемери, изгледот на небото можете да го распознавате, а знаците на времињата не можете? Род лукав и прељуботворен бара знак, но знак нема да му се даде освен знакот на пророкот Јона.“ Па оставајќи ги, си замина. И преоѓајќи на спротивната страна, учениците Негови заборавија да земат леб. Исус им рече: „Внимавајте и чувајте се од квасецот фарисејски и садукејски!“ А тие помислија во себе и си рекоа: „Тоа е што не зедовме леб!“ Но Исус ги разбра и им рече: „Маловерни, зошто мислите во себе дека не сте зеле леб? Уште ли не разбирате и не помните за петте леба на пет илјади души, и колку кошеви собравте? Ниту за седумте леба на четири илјади души, и колку кошници собравте? Како не разбирате дека не ви зборував за леб: ‚Чувајте се од квасот фарисејски и садукејски!‘“ Тогаш разбраа дека Тој им беше рекол да се пазат не од лебниот квас, туку од учењето фарисејско и садукејско. И кога дојде Исус во областа на Кесарија Филипова, ги праша учениците Свои и рече: „Што велат луѓето, кој е Синот Човечки?“ Тие одговорија: „Едни дека е Јован Крстител, други дека е Илија, а некои дека е Еремија или дека е еден од пророците.“ А Тој им рече: „А вие, што мислите, Кој сум Јас?“ Симон Петар одговори и рече: „Ти си Христос, Синот на живиот Бог.“ Тогаш Исус му одговори и рече: „Блажен си ти, Симоне, сине Јонин, зашто тело и крв не ти го открија тоа, туку Мојот Отец, Кој е на небесата. А Јас тебе ти велам: ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат. И ќе ти ги дадам клучевите од небесното царство, и што ќе сврзеш на земјата, ќе биде сврзано на небесата; а што ќе разврзеш на земјата, ќе биде разврзано и на небесата.“ Тогаш Исус им заповеда на учениците Свои да не кажуваат никому дека Тој е Христос.
Матеј 16:1-20 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И фарисеите и садукеите дојдоа, и искушувајќи Го, побараа да им покаже знак од небото. Но Тој одговори и им рече: „Кога се свечерува, велите: ‘Ќе биде ведро, зашто небото е црвено;’ а наутро: ‘Денес ќе има бура, зашто небото е црвено и за-мрачено. ’Лицемери, знаете на-вистина да го просудувате лицето на небото, а знаците на времињата не можете! Лукаво и прељубо-творно поколение бара знак, и нема да му биде даден знак, освен знакот на Јона пророкот.“ И ги остави и си отиде. И Неговите ученици преминаа на другата страна и заборавија да земат леб. Исус им рече: „Внимавајте и чувајте се од фарисејскиот и садукеј-скиот квас!“ И тие расправаа помеѓу себе, велејќи: „Тоа е што не зедовме леб.“ А Исус знаејќи го тоа им рече: „Маловерни, зошто расправате помеѓу себе, дека не зедовте леб? Уште ли не разбирате и не помните за петте лебови на пет илјади и колку кошеви подигнавте? Ни за седумте лебо-ви на четири илјади и колку кошеви подигнавте? Како не разбирате, дека не заради леб ви реков да се чувате од фарисејскиот и садукејскиот квас?“ Тогаш разбраа дека не им рече да се чуваат од лебниот квас, туку од учењето фарисејско и садукејско. А кога Исус дојде во околината на Кесарија Филипова, ги праша Своите ученици и рече: „Што велат луѓето, Кој е Синот Чове-чки?“ А тие рекоа: „Едни велат дека е Јован Крстител; други Илија, а други пак Еремија или еден од пророците.“ Тој им рече: „А вие што велите, Кој Сум Јас?“ Симон Петар одговори и рече: „Ти си Христос, Син на живиот Бог.“ Исус одговори и му рече: „Блажен си, Симоне, сине Јонин, зашто тело и крв не ти го открија тоа, туку Мојот Татко, Кој е во небесата. И Јас ти велам, дека ти си Петар, и на тој Камен ќе ја изградам Мојата Црква, и портите на пеколот нема да надвладеат наспроти неа. И ќе ти ги дадам клучевите на царството небесно, и што и да сврзеш на земјата, ќе се појави веќе сврзано во небото; и што и да разврзеш на земјата, ќе биде веќе разврзано во небото.“ Тогаш им заповеда на учениците Свои да не кажуваат никому, дека Тој е Исус Христос.