Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 14:14-21

Матеј 14:14-21 MK2006

И кога излезе Исус, виде многу свет; и се смилува над нив и ги излекува нивните болни. А на стемнување се приближија до Него учениците Негови и рекоа: „Мес­тово е пусто, а и доцна е веќе; пушти го народот да оди по селата и да си купи храна.“ Но Исус им рече: „Нема потреба да одат; дајте им вие да јадат!“ А тие Му рекоа: „Ние имаме само пет леба и две риби.“ Тој им рече: „Донесете Ми ги ту­ка!“ И откако му заповеда на народот да седне по тревата, ги зеде петте леба и двете риби, погледна кон небото, ги благослови, ги прекрши и им ги даде лебовите на учениците, а учениците – на народот. И јадеа сите и се наситија; и кренаа дванаесет кошеви полни со останати парчиња. А оние што јадеа беа околу пет ил­ја­ди мажи, покрај жените и децата.