Матеј 14:14-21
Матеј 14:14-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
А Тој, излегувајќи од бротчето, виде голема толпа народ. Душата Му се исполни со сочувство и ги исцелуваше болните меѓу нив. На квечерина кај Исус дојдоа Неговите ученици и Му рекоа: „Доцна е веќе, а местово е пусто. Пушти ги луѓето да се вратат по селата и да си купат храна!“ А Исус им рече:„Нема потреба да одат; дајте им вие нешто да јадат.“ Тие Му одговорија: „Ние имаме овде само пет леба и две риби!“ „Донесете ми ги!“ им рече Исус. Тогаш им рече на луѓето да поседнат по тревата, а Тој ги зеде петте леба и двете риби, и со поглед кон небото ги благослови и ги раскрши. Потоа им ги даде на учениците, а тие им ги разделија на луѓето. Сите јадеа и се наситија, а собраа и дванаесет кошници полни со парчиња што преостанаа. Тие што јадеа беа на број околу пет илјади мажи, а имаше и жени и деца.
Матеј 14:14-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И кога излезе Исус, виде многу свет; и се смилува над нив и ги излекува нивните болни. А на стемнување се приближија до Него учениците Негови и рекоа: „Местово е пусто, а и доцна е веќе; пушти го народот да оди по селата и да си купи храна.“ Но Исус им рече: „Нема потреба да одат; дајте им вие да јадат!“ А тие Му рекоа: „Ние имаме само пет леба и две риби.“ Тој им рече: „Донесете Ми ги тука!“ И откако му заповеда на народот да седне по тревата, ги зеде петте леба и двете риби, погледна кон небото, ги благослови, ги прекрши и им ги даде лебовите на учениците, а учениците – на народот. И јадеа сите и се наситија; и кренаа дванаесет кошеви полни со останати парчиња. А оние што јадеа беа околу пет илјади мажи, покрај жените и децата.
Матеј 14:14-21 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И кога излезе виде големо мноштво, беше поттикнат со сожалување кон нив и ги исцели нивните болни. А кога се свечери Неговите ученици дојдоа при Него и Му рекоа: „Местово е пусто и времето е веќе поодминато; распушти ги мноштвата да отидат по селата за да си купат храна.“ Но Исус им рече: „Нема потреба да одат, дајте им вие да јадат!“ А тие Му рекоа: „Тука немаме ништо, но само пет лебови и две риби.“ А Тој им рече: „Донесете Ми ги тука.“ И заповеда народот да седне по тревата; ги зеде петте лебови и двете риби, погледна кон небото и благослови; ги раскрши лебовите и им ги даде на учениците, а учениците на мноштвата. И сите јадоа и се наситија; и го дигнаа преостанатото од парчињата, дванаесет кошеви полни. А оние, кои јадеа, беа околу пет илјади мажи, освен жените и децата.