Излегувајќи тој ден од куќата, Исус седна покрај морето. И се собра околу Него многу народ, така што Тој влезе во кораб и седна, а сиот народ стоеше на брегот. И им говореше многу во параболи, велејќи: „Ете, излезе сејач да сее; и кога сееше, едни зрна паднаа покрај патот; долетаа птици и ги исколваа. Други паднаа на каменито место, каде што немаше многу земја, и набргу проникнаа, зашто земјата не беше длабока. Но, штом изгреа сонцето, тие свенаа, па, бидејќи немаа корен, се исушија. Некои паднаа во трње и израсна трњето и ги задуши. Други паднаа на добра земја и дадоа добар плод; едно сто, друго шеесет, а трето триесет. Кој има уши да слуша, нека чуе.“
Прочитај Матеј 13
Слушај Матеј 13
Сподели
Спореди ги сите верзии: Матеј 13:1-9
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа